Утрински Весник
Македонија

Приведен криумчар на мигранти, следува соодветна пријава

Policija 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На 16.02.2023 во 13.10 часот на автопатот Неготино – Демир Капија, кај наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода В.Б.(38) од Шуто Оризари – Скопје. При контрола во возилото „опел астра” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Народна Република Кина, за кои при проверка било утврдено дека илегално влегле во државата.

 Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Можете да прочитате

Условна казна за напаѓачот на ,,Инфомакс”

Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

Сообраќајот се одвива непречено, патот Прилеп – Битола времено затворен од попладне