Утрински Весник
Македонија

Приведен криумчар на мигранти, превезувал лица од Сирија

Приведен криумчар на мигранти, превезувал лица од Сирија

На 05.10.2022 во 18.50 часот на регионален пат Удово – Демир Капија, во близина на с. Градец, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода М.А.(23) од Лозово.

dobivaj vesti na viber

Тој бил забележан како со возило „волво“, со италијански национални ознаки, превезува лица мигранти.

Возилото било запрено, а тој се обидел да избега, но бил спречен и лишен од слобода.

Притоа, во возилото биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, кои биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. М.А. бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Доаѓа снегот во Македонија: Пообилни врнежи во западните и во јужните предели

СДСМ Бараат оставка од Филипче – Монти Пајтон политиката на ВМРО

Не стигнало барање за одземање на имунитетот на судијата Ристов, вели Камбовски