Утрински Весник
Македонија

Приведен криумчар на мигранти

Приведен криумчар на мигранти
Dik 300x250 mk

Денеска (08.11.2022) во 02.25 часот на регионалниот пат Демир Капија-Неготино, на место викано „Острово“ пред Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, Полициската станица Неготино и од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Е.Н.(41) од Велес, затоа што во товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 21 мигранти од Сирија.

dobivaj vesti na viber

Претходно, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и се обидел да избега.

Набргу бил запрен и лишен од слобода.

Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово