Утрински Весник
Македонија

Приведен криминалец баран со потерница за 6-годишна затворска казна

Избега затвореник од „Идризово“, ранет е полицаец

Денеска во 15.00 часот на улица „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ. од Свети Николе, со живеалиште во Скопје, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Можете да прочитате

Претреси во приватна болница и ФЗО, неофицијално меѓу осомничените и Ден Дончев

Три дена дожд, заладување и снег на планините

Искра Хаџи Василева доби најмногу гласови за нова шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција.