Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец во Гостивар, одземеното вратено на сопственикот

Приведен жител на Арачиново поради транспорт на 100 кг марихуана

Синоќа околу 19.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 30-годишниот Ш.Ф. од гостиварско Чегране, кој претходно на улица „Борче Јовановски“ во Гостивар одзел скутер со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Џ.Р.(30) од Гостивар.

dobivaj vesti na viber

Скутерот бил пронајден и вратен на сопственикот, а Ш.Ф. бил задржан во Полициската станица Гостивар.

По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Пожар вечерва пред поликлиника во Аеродром

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР