Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец во Гостивар, одзел пари од црква

Image 2026 01 05 121742064.png

Денеска 05.01.2026 во 08:50 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ф.И.(35) од с.Вруток, гостиварско.

Тој се сомничи дека во текот на утринските часови извршил кражба во црквата „Света Богородица“ во Гостивар, при што одзел пари.

Кај него се пронајдени и одземени дел од украдените пари.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Мицкоски се сретна со претставници на нафтената индустрија

Штипјанка претепана од сопругот заврши во болница

Евакуираните македонски државјани од Израел ќе пристигнат вечерва во Скопје