Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец во Битола, расчистени пет тешки кражби

Lisici 1.jpg

На 16.02.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Р.(47) од Битола. Тој бил затекнат при извршување „тешка кражба” во помошна просторија од куќа на ул.„Илинденска”, сопственост на С.Т.(27) од Битола. Лицето било приведено во полициска станица и во службен разговор признал уште четири кривични дела „тешка кражба” извршени во куќи, станови и во параклис на подрачје на Битола.

Одземеното ќе биде вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случаите против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.  

Можете да прочитате

Пола Скопје без стрија – 24info.mk

Оставка во СДСМ Неготино – Младеновиќ се повлече од функцијата

Министерот Панче Тошковски стана татко по третпат