Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец, расчистени две тешки кражби, поднесена кривична пријава, а украденото вратено на сопствениците

Фатен крадец на дело, следува соодветна пријава

Одделението за криминалистички работи при ЕВР Карпош поднесе кривична пријава против А. Л. (23) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Имено, на 29.5.2023 со употреба на сила и алат влегол во плац на улицата Скупи и одзел повеќе предмети, а на 9.4.2023 на истиот начин влегол во плац на правно лице во Скопје, од каде што одзел повеќе предмети.

По преземени мерки и активности, вчера (31.5.2023) тој бил лишен од слобода и со него бил извршен службен разговор во Полициската станица Карпош. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.

Можете да прочитате

Намалена видливост поради магла на патот Попова Шапка – Лисец

Шуга меѓу војници во касарната во Велес

СДСМ: Нема одговор од МВР – Кој дозволи 5 тони дрога да помине граница