Утрински Весник
Македонија

Приведен е струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов

Screenshot 20250609 091359 facebook.jpg

Преку координирана акција на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, Министерството за финансии – Управата за финансиска полиција и Управата за јавни приходи и под раководство на Јавен Обвинител кој постапува со интегритет и решителност, се иницира процесот на демонтирање на длабоко вкоренета политичко-криминална структура, пишува Република.мк.

Утрово БЈБ по налог на надлежниот Јавен обвинител приведе неколку лица меѓу кои и Ристо Крмзов, бизнисменот кој долги години профитираше како резултата на блиските врски со политички и еконмски центри на моќ, кој конечно е принуден да одговара пред Законот. Човекот за кој јавна тајна беше дека со години пливаше во сенките на системот, штитен од политичко-бизнис елитата и кој се препознава како симбол на една епоха на институционализирана злоупотреба и системско државно ограбување.


Под маската на легален профит, преку фиктивно прикажување на добивки и симулирано плаќање на даноци, се изведувал организиран поврат на ДДВ. Со помош на фиктивни фирми, непостоечки физички лица од Косово и други земји, се оформувале лажни трансакции, само како параван за изигрување на законот. Нелегално стекнатите средства, преку монтирани државни исплати, завршувале во приватни џебови, а потоа се переле и легализирале преку градежниот сектор, кој со години беше омилен канал за перење пари.

Во пријавата опфатени се 15 правни и 23 физички лица.

Можете да прочитате

Министерот Филков ќе магистира на тема за владиниот ресор со кој раководи

МакедонијаСДСМ ги објави имињата на уште тројца кандидати за градончалници

Семејството на смртно прегазената Теодора револтирано: „Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор?“