Утрински Весник
Македонија

Приведен е бизнисменот Ратко Капушевски

Kapusevski.jpg

Познатиот бзнисмен Ратко Капушевски попладнево е уапсен во координирана акција на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Одделот за сузбивање организиран криминал и корупција при Бирото за јавни работи (БЈБ), МВР, во координација со ОЈО за ГОКК, по наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје и низ државата во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителна набавка на деривати, штета од големи размери на буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето“, велат од полицијата, без да откријат повеќе детали.


Капушевски е директор на РКМ компанија која се бави со увоз на енергенси а самата компанија често се поврзуваше со набавки на мазут за ТЕЦ Неготино.

Можете да прочитате

Ивановска открива: И покрај официјални записници за затворање, угостителски објекти во Скопје работеле без прекин

Лабовиќ: Јавното обвинителство е заробено во дисфункционалности

Мицкоски: Продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати