Утрински Весник
Македонија

Приведен дрвокрадец во Скопје, следува пријава

Ogrevni Drva.webp.webp

На 22.07.2024 во 17.45 часот на магистралниот пат за Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода И.А.(49) од Скопје. При преглед во возилото „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било утврдено дека врши нелегален транспорт на нежигосани огревни дрва, со истечена регистрација на возилото и без важечка возачка дозвола. 

Возилото и дрвата биле одземени, а лицето било приведено и предадено во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Андоновски: Владата останува цврсто посветена на исполнување на европските критериуми

Од пријавени 248 гласале 242 болни или изнемоштени лица

Почина снимателот на МРТ Александар Мижимаков