Утрински Весник
Македонија

Приведен дрвокрадец од село Мартолци, Општина Чашка

Policija.webp.webp

Полициски службеници од Полициско одделение Чашка вчера доцна попладне во 17:25 часот  го лишиле од слобода 46-годишниот  В.М. од село Мартолци, Општина Чашка.

Како што информира попладнево од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска, тој бил забележан во атар на село Мартолци како управува трактор „имт“ без регистарски ознаки со приколка натоварена со огревно дрво. Набргу, во неговиот двор во селото било констатирано дека дрвата се без документација, по што дрвата, тракторот и приколката му биле одземени и предадени на Шумска полиција Велес.

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, а В.М. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава најавија од СВР Велес.

Можете да прочитате

Демократски Сојуз смирува: Војната во Иран брзо ќе заврши

Фертилитетот во фокус: Експерти подготвуваат прв Национален водич за заштита на фертилитетот

Началникот на Генералштабот на АРМ ја заокружи посетата на ВС на САД  со средби со високи воени претставници во Пентагон, Вашингтон