Утрински Весник
Македонија

Приведен дилер на дрога по распишана централна потерница за издржување казна затвор од 3 години

Кривична пријава против полицаец кој истепал приведено лице
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска во 10:10 часот на ул. Скупи во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(46) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

За него била распишана централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Филипче: Ни треба систем, а не еден лидер

Работник од Делчево се здобил со тешка повреда при извршување на работните обврски

Густа магла на повеќе патни правци