Утрински Весник
Македонија

Приведен бегалец од кумановскиот затвор, вратен е на доиздржување на казната

Приведен бегалец од кумановскиот затвор, вратен е на доиздржување на казната

На 01.09.2022 во 17.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле Ш.Н.(30) од Штип.

dobivaj vesti na viber

Тој бил баран по потерница од казнено-поправната установа Затвор Куманово поради бегство од затвор.

Ш.Н., исто така, се сомничи дека во периодот додека бил во бегство од затворот извршил неколку кривични дела „тешка кражба“.

По издадена судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом и биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривичните дела.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните

НЕВРЕМЕ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Обилни врнежи, планински снег и силен ветер

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски