Утрински Весник
Македонија

Приведен арамија од Кочани кој признал седум кривични дела и вратил дел од украдените предмети

Lisici Priveduvanje 303783 312825 333699 339552.jpg

По преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип расчистија седум кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба” и две „тешка кражба” на дрзок начин  извршени на територијата на Кочани од угостителски и продажни објекти и една од физичко лице. Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата, на 27.03.2024 од слобода бил лишен Е.Р.(37) од Кочани. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?

До 18 часот регистрирани шест пожари на отворено

Николоски: Овозможивме раст од 32 % повеќе патници на аеродромите и раст од околу 20 % на странските туристи