Утрински Весник
Скопје

Приватните автобуси на овие линии утре ќе возат по редовен возен ред

Privatni Avtobusi 960x516 1.jpg

Автобусите на приватниот превозник „Вестор транс“ утре, без никаков застоја ќе ги реализираат, сите линии како што е договорено со ЈСП и Град Скопје, соопштуваат од оваа компанија за превоз на патници.

-Јавниот превоз организиран од страна на „Вестор транс“ во понеделник продолжува да функционира непречено и согласно со возниот ред. „Вестор транс“ ги почитува и реализира обврските што произлегуваат од законите, одлуките и актите, со кои се уредува превозот на патници и ќе продолжи да го извршува договорот со континуирано и редовно одржување на линиите 9, 11, 11а , 12, 47 и 55 за кои има добиено дозвола за превоз – велат од компанијата.

Сепак, приватните превозници oд други компании, од утре, втори септември одлучија да пуштат само по еден автобус на секоја линија.

Можете да прочитате

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Дел од Кисела Вода, , Говрлево и Волково денеска без струја

Дел од Бутел денеска без вода