Утрински Весник
Македонија

Притвор за осомничениот за подметнување на пожарот во кој целосно изгоре угостителски објект во Охрид

Pozhar ohrid.jpg

Секторот за внатрешни работи – Охрид поднесе кривична пријава против лицето М.У.(20) од Скопје, осомничено дека е подметнувач на пожарот во кој целосно изгоре угостителски објект во зградата на Градскиот пазар во Охрид.

Според полициското соопштение, осомничениот на 10-ти овој месец во 03:40 часот, со уште едно лице со запалива течност го предизвикал пожарот во објектот на булеварот „Туристичка“ во Охрид.

На М.У. му е одреден притвор од 30 дена. Осомничениот е префрлен во Казнено – поправната установа „Затвор“ – Охрид. 

Можете да прочитате

Евакуираните македонски државјани од Израел ќе пристигнат вечерва во Скопје

Административните службеници во градинките бараат зголемување на платите

Зајкова го поднесе предлог законот за електронска нараквица за следење на насилниците во Собранието