Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Притвор за гевгеличанец кој произведувал марихуана, неовластено поседувал и оружје

Притвор за гевгеличанец кој произведувал марихуана, неовластено поседувал и оружје
Img 7972

Oбвинителството од Гевгелија донесе Наредба за истражна постапка против едно лице од селото Кованец, осомничено за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот, од почетокот на мај 2022 година до 31 август, неовластено заради продажба произведувал наркотична дрога марихуана.

Во куќа во изградба во близина на неговата семејна куќа тој засадил 10 семки од растението канабис кои редовно ги наводнувал и ги прихранувал со ѓубриво. Кога растенијата дошле во фаза на цветање ги собирал цветните завршетоци и ги сушел. При извршен претрес во куќата во изградба биле пронајдени осум засадени растенија канабис во висина од 1,5 – 2,9 метри, едно исушено растение, сушени делови од растението и дигитална вага. Исто така полицијата пронашла и опрема – ламби и вентилатори во импровизирана лабораторија за сушење наркотична дрога марихуана. Во една од собите во семејната куќа осомничениот неовластено држел и огнено оружје и муниција и тоа – малокалибарска пушка марка „Тоз-16“, пет куршуми за малокалибарска пушка, како и пушка ловен карабин марка „Црвена Застава“.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на јавниот обвинител и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена. ​​

Можете да прочитате

По расправија за направена сообраќајка, 19-годишник избодел сограѓанин, па се обидел да избега од државата

Емил Николовски: 90% лаги на Орце, од 30 каптални ветувања нема остварено ниту едно

Мицкоски: Aпликацијата m.Uslugi ќе ја промени државата од корен