Утрински Весник
Македонија

Притвор за четворицата скопјани кои шверцувале кокаин од Албанија

Поведена постапка против дилер на кокаин од Арачиново
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Судот определи 30-дневен притвор за двајца, а домашен притвор за третиот осомничен кои што беа приведени поради набавка на кокаин од Албанија.

dobivaj vesti na viber

Во координирана акција на Одделите за сузбивање организиран и сериозен криминал на Македонија и Албанија, биле извршени претреси на повеќе локации во Скопје и Прилеп и приведени четири лица – А. М. (51), Д. З. (37), М. Ј. (35) и Д. Ј. (39), сите од Скопје.

Денеска до ОЈО за ГОКК поднесена е кривична пријава против А. М., Д. З., М. Ј., сите од Скопје, како и против Р. Т. (45) од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 ст. 3 од Кривичниот законик, соопшти Сузана Прањиќ-Талевска од МВР.

Четирите лица се дел од меѓународна организирана криминална група инволвирана во организирање транспорт на кокаин за земјите од ЕУ, кои во текот на јуни 2021 од непознати лица од Албанија набавиле, а потоа и организирале пренесување на 300 пакувања со маса од 324,4 килограми кокаин за Р. Италија со товарно возило „даф“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н. А..

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе