Утрински Весник
Магазин

Пристигнува трет дел од „Дневниците на принцезата“

Пристигнува трет дел од „Дневниците на принцезата“

„Дневниците на принцезата“ се враќа, дознава „Холивуд репортер“.

dobivaj vesti na viber

Американските медиуми пишуваат дека се работи на сценариото за третото продолжение на омилениот филм според книгата на Мег Кабот.

Адрита Мукерџи го пишува сценариото за „Дизни“, а Дебора Мартин Чејс се враќа како продуцент.

Засега нема официјална потврда дали Ен Хатавеј повторно ќе се појави во третиот дел, но актерката претходно изрази поддршка за идејата за овој проект.

За потсетување, Хатавеј во 2001 година глумеше американска тинејџерка која дознава дека е престолонаследничка на европското кралство Џенова. Во филмот глумеше и легендарната Џули Ендрјус.

Филмот стана хит на киноблагајните со заработка од 165.3 милиони долари на глобално ниво. Хатавеј повторно се појави во продолжението „Дневниците на принцезата: Кралска свршувачка“ (The Princess Diaries 2: The Royal Engagement) во 2004 година, кое заработи 134.7 милиони долари во светски рамки.

Покојниот режисер Гари Маршал ги режираше двата дела.

Можете да прочитате

Како нередот во домот тивко влијае на стресот и расположението

Три хороскопски знаци што имаат природен талент за успех и пари

Шест навики што ја чуваат должината и ѝ помагаат на косата да расте здрава