Утрински Весник
Македонија

Припадник на САЕ „Тигар“ најдобар во велеслалом на меѓународен полициски натпревар

Potvrda za podgotvenosta na makedonskata policija pripadnik na sae tigar najdobar vo veleslalom na megjunaroden policiski natprevar image.jpg

рипадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при министерството за внатрешни работи го освои првото место во дисциплината велеслалом на меѓународниот полициски натпревар во скијање на Сљеме, Република Хрватска, на 25.02.2026 година, за што Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста.

На натпреварот учествуваа полициски службеници од повеќе држави и меѓународни институции, меѓу кои Словенија, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Хрватска и ФРОНТЕКС, што придонесе за исклучително силна конкуренција и висок натпреварувачки квалитет.


„Остварениот резултат претставува потврда за високото ниво на подготвеност, професионалност и посветеност на припадниците на Министерството за внатрешни работи, како и достојна афирмација на државата на меѓународен план“ велат од МВР.

Министерството за внатрешни работи упатува честитки до припадникот на САЕ „Тигар“ за постигнатиот успех, изразувајќи уверување дека и во иднина ќе продолжи со вакви врвни резултати и ќе биде пример за професионалност и спортски дух.

Можете да прочитате

Одобрено обвинение против 13 полицација за пожарот во „Пулс“

Филипче до Мицкоски: Правите упад, носите неуставен Закон во образование

Прва посета на Руте во Македонија како шеф на НАТО