Утрински Весник
Магазин

Принцот Вилијам откри дека син му Џорџ ги сака „Еј-си/Ди-си“ и „Лед цепелин“

Принцот Вилијам откри дека син му Џорџ ги сака „Еј-си/Ди-си“ и „Лед цепелин“

Принцот Џорџ (9) е голем фан на рок-бендовите „Еј-си/Ди-си“ и „Лед цепелин“.

dobivaj vesti na viber

Музичкиот вкус на малиот принц го откри татко му кога заедно со својата сопруга, принцезата од Велс, се сретнаа со славениците на настанот „Големиот ручек“ во близина на Виндзор еден ден по крунисувањето на кралот Чарлс.

Керолин Малвихил, од рок-хорот во Виндзор и Мејденхед, која разговараше со принцот Вилијам (40), рече: „Разговаравме за видот музика што ја пееме во рок-хорот и Вилијам ни кажа дека во нивното домаќинство сите имаат прилично разновиден вкус за музика и дека Џорџ ги сака „Еј-си/Ди-си“ и „Лед цепелин“. Беше доста интересно да се слушне тоа“.

Џорџ ја одигра својата прва поголема церемонијална улога на крунисувањето на својот дедо како почесен паж.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста