Принцот Хари во вторникот и средата сведочеше во лондонскиот Висок суд во рамки на својата тужба против група британски весници „Мирор груп“ за кои тврди дека го хакирала неговиот мобилен телефон пред повеќе од една деценија.
Соред некои медиуми, војводата од Сасекс беше на жар повеќе од седум часа во судницата, додекаа адвокатите на на таблоидите од „Мирор груп“ (МГН), упорно тврдеа дека тој нема цврсти докази дека нивни новинари му го хакирале телефонот.
Сведочењето на Хари беше дел од тужбата што тој и уште тројца тужители ја покренаа против издавачот на три весници на „Мирор“ – „Дејли мирор“, „Сандеј мирор“ и „Сандеј пипл“.
На говорницата, Хари детално раскажа за болката што му ја предизвикале упадите на таблоидите во неговииот приватен живот. Тој нагласи дека таблоидите објавувале написи со детали за него што би можеле да ги добијат само преку недозволени средства.
„Целиот мој живот печатот ширеше приказни за мене и ги прикриваше своите незаконски постапки“, рече Хари гледајќи во судијата. „И седејќи овде во судницава, додека одбраната ги има доказите пред себе, а нивниот главен адвокат сугерира дека шпекулирам, не знам што би кажал за тоа.“
Светските медиуми потсетуваат дека принцот Хари во една прилика рече дека менувањето на медиумскиот пејзаж е негова животна мисија – и оваа гладијаторска битка во судницата може да биде еден од неговите клучни моменти.
Пред него стојат два исхода во оваа правна битка: прво, одлучност да продолжи без спогодба, и второ, да е доволно богат да го преземе финансискиот удар ако загуби.