Утрински Весник
Магазин

Принцот Хари имал необични идеи за поткасти на „Спотифај“

Принцот Хари имал необични идеи за поткасти на „Спотифај“

Колапсот на договорот за поткасти на војводата и војвотката од Сасекс со „Спотифај“ сè уште е актуелна тема во медиумите, кои потсетуваат дека најголемиот дел од фокусот досега беше ставен на „Арчитајпс под“ на Меган Маркл, кој имаше само 12 епизоди во текот на 31 месец.

dobivaj vesti na viber

Имајќи предвид дека Хари и Меган се интересна тема за светските медиуми, некои од нив се осврнаа на идејата на принцот Хари во своите поткасти да ги покани Владимир Путин и Доналд Трамп нарекувајќи ја таквата идеја апсурдна.

Некои таблоиди дури и креиараа лажни фотогафии за непостојната средба меѓу претседателот Путин и принцот Хари.

Како ќе изгледаше разговорот со Путин

„Блумберг“ неодамна објави дека Хари имал крајно необични планови за својата серија поткасти на „Спотифај“. На пример, тој сакал да ги интервјуира Путин, Трамп, и фејсбук-могулот Закерберг за нивното растење и трауми од детството, а исто така,сакал да разговара за религијата со папата Франциско.

„Спотифај“ одбил ваква контроверзна серија на поткасти.

Репортерката за поткасти и музика, Ешли Карман, разговараше со своите контакти во забавната индустрија за да дознае повеќе за идеите на принцот и зошто ниту една од нив никогаш не се оствари.

Таа напиша: „Замислениот концептот бил Хари да разговара со низа контроверзни гости, како што се Владимир Путин, Марк Закерберг и Доналд Трамп, за нивните рани години на формирање и како тие искуства резултирале во возрасни личности какви што се денес.

„Хари исто така имал идеја за емисија фокусирана на татковството. Друг серијал би се занимавал со големи општествени разговори епизода по епизода, почнувајќи од климатските промени до религијата. За второто, Хари се надеваше дека ќе го има папата Франциско како гостин“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста