Утрински Весник
Магазин

Принцот Ендру ги дoби клучевите од Фрогмор, но нема да го напушти својот дом

Принцот Ендру ги дoби клучевите од Фрогмор, но нема да го напушти својот дом

Војводата и вовјвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл примија известување да се иселат од Фрогмор Котиџ претходно оваа година, а упатените открија дека овој кралск имот ќе му биде доделен на принцот Ендру, братот на кралот Чарлс Трети.

dobivaj vesti na viber

Од него се очекува да го напушти својот дом – Ројал Лоџ, кој се наоѓа во големиот парк во Виндзор, и да ја се пресели во куќата што ја користат принцот Хари и Меган кога престојуваат во Британија.

Но, принцот Ендру нема да го напушти својот сегашен дом, објави австралискиот „Океј магазин“, кој се повикува на извор близок до братот на кралот.

Наводно, на принцот Ендру неодамна му биле дадени клучевите од Фрогмор Котиџ и се очекува преселувањето да се изврши до лето.

Сепак, инсајдерот вели дека тој не ја напушта палатата Ројал Лоџ без борба.

Војводата од Јорк е решен да ја задржи својата вила со 30 соби, во големиот парк Виндзор, односно кралските пејсажни градини.

Изворот тврди: „Ендру е категоричен дека останува во Ројал Лонџ до крајот на закупот. Тој нема да се пресели во Фрогмор без борба. Ројал Лоџ е неговиот дом и тој ќе направи сè што е во негова моќ да остане на имотот.“

„Јуџини моментално престојува таму за да помогне да се преселат работите на Хари и Меган додека нејзиниот татко се обидува да се задржи во Ројал Лоџ. Примопредавањето се очекува во јули или август, но тој не оди никаде.“

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста