Утрински Весник
Магазин

Принцот Ендрју протеран од Бекингемската палата

Принцот Ендрју протеран од Бекингемската палата
Dik 300x250 mk

Британскиот крал Чарлс го протера принцот Ендру од Бакингемската палата по скандалот со педофилот финансиер Џефри Епштајн, јавуваат британските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Тоа наводно значи дека на Ендру нема да му биде дозволено да има канцеларија во споменатата палата, а како што пишува „Дејли мејл“, Чарлс овој пат бил строг и му рекол на својот брат дека отсега тој е принуден да се грижи за себе.

– Секое присуство во палатата е официјално завршено. Кралот јасно стави до знаење. Тој повеќе не е работен член на семејството и сега е оставен сам да се снаоѓа – рекол изворот, додавајќи дека принцот Ендру утре ќе им се придружи на кралот и на другите членови на кралското семејство на божиќниот ручек во Сандригам, но нема да има можност да оди на семејна прошетка во црква со нив.

Од друга страна, принцот Ендрју тврди дека никогаш не бил близок со Епштајн, кој изврши самоубиство во затвор во август 2019 година, откако беше обвинет за сексуална трговија и злоупотреба на деца, чија поранешна девојка, Гислајн Максвел, моментално отслужува 20-годишна затворска казна.

Можете да прочитате

Овие три хороскопски знаци во ноември ќе се соочат со деловни предизвици

Нов ризичен сексуален тренд ги загрижува лекарите: Што е „омораши“ и зошто може да биде опасен?

Работник на крузер откри во која земја одбива да работи: „Културниот шок е преголем“