Богатството и славата понекогаш носат привилегии кои обичните луѓе никогаш не ги искусиле. Многу познати ја игнорираат својата слава и се однесуваат нормално, а таблоидите укажаа на неколку примери кога и самите тие покажуваат дека се привилегирани.
Во 2020 година, Мајли Сајрус во интервју за „Волстрит џурнал“ изјави: „Знам дека сум во посебна позиција, моето искуство со пандемијата не е како искуството на другите луѓе од мојата земја или од целиот свет.
Манекенките Хејли Бибер и Кендал Џенер минатата година беа уловени како со недели непрописно ги оставаат своите автомобили на паркинг места пред студио за пилатес. „ТМЗ“ објави дека сопственикот на студиото им рекол да паркираат таму, иако тие места ги делат сите компании на плацот.
Џастин Бибер доби подарок мајмунче во 2013 година од семеен пријател. Потоа, иако сите го советувале да не го прави тоа, го однел животното во Германија, каде било запленето и ставено во карантин. Откако го пропуштил рокот за враќање на животното, германската влада го преселила во локалната зоолошка градина и побарала од пејачот да плати осум илјади долари.
Кога во 2013 година, тогашниот сопруг на Рис Витерспун, Џим Тот, бил сопрен поради возење во пијана состојба, таа излегла од автомобилот и го прашала полицаецот: „Дали знаете која сум јас? Дали знаете како се викам?” Полицаецот ѝ рекол дека не знае која е.
Според полицискиот извештај, актерката тогаш изјавила дека е американски државјанин и дека има право да стои на американско тло. Тот бил уапсен поради возење во пијана состојба, а Витерспун поради непристојно однесување. „Бев поднапиена и многу ми е срам поради работите што ги кажав. Ситуацијат беше непријатна и се плашев за мојот сопруг, но тоа не е оправдување. Не го почитував полицаецот кој само си ја вршеше работата. Многу ми е жал за моето однесување,“ наведе актерката во своето извинување.
Во екот на јавната дебата за еколошката штета од приватните авиони, Кајли Џенер објави, а потоа избриша фотографија на „Инстаграм“ од неа и нејзиниот тогашен партнер Тревис Скот со нивните приватни авиони. Во описот на објавата напиша: „Ќе одиме со мојот или со твојот?“
Ребел Вилсон и нејзината свршеница Рамона Агрим присуствуваа на отворањето на луксузен хотел во Дубаи претходно оваа година. Тие беа на удар на критики за промовирање на Обединетите Арапски Емирати, каде што хомосексуалноста сè уште се смета за кривично дело казниво со смрт.
Кристијано Роналдо и неговото семејство неодамна се преселија во Саудиска Арабија каде живеат според нови правила. Фудбалерот и неговата свршеница Георгина Родригез добија специјална дозвола од саудиската влада за заеднички живот, иако заедничкиот живот на двајца невенчани лица инаку е забранет со државните закони на Саудиска Арабија, кои се тесно поврзани со исламската вера.
Во екот на пандемијата Рита Ора, која требаше да се самоизолира по патувањето во Египет во 2021 година, подмитила ресторан во Лондон со 5.000 фунти за да ги прекрши правилата за карантин и таму да го прослави својот 30. роденден. Нејзините телохранители, наводно, побарале да се исклучат камерите.
По објавувањето на своите мемоари, Paris: The Memoir, во 2023 година, Парис Хилтон се соочи со бурни реакции затоа што не презема одговорност за својата историја на анти-геј и расистички коментари.