Утрински Весник
Македонија

Прилепското обвинителство смета дека е несреќен случај падот на ученикот, но се чека на извештај од полицијата

Gtowd9bc9xvuv2xbdacg.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Прилепското основно јавно обвинителство во текот на денешниот ден треба да добие известување од полицијата за случајот со повреденото 11 годишно дете кое падна од највисокиот, трет кат, од зградата на основното училиште „Гоце Дерлќев“ во Прилеп и се здоби со тешки повреди.

Според в.д. основниот јавен обвинител Лидија Салатоска Илиоска, овинителството претходно ѝ дало насоки на полицијата како да постапи и да ги извести.


-Од досегашните сознанија сметаме дека станува збор за несреќен случај, но на полицијата ѝ дадовме насоки да изврши разговори со медицинските лица кои интервенирале во случајот, со вработените од училиштето и со други лица. Во текот на денешниот ден ќе добиеме извештај од полицијата за да се знае како понатаму да се постапи, телефонски ни изјави основниот јавен обвинител Салатоска Илиоска.

Немилиот настан се случил во понеделникот, на 20 јануари вво 14,35 часот, на големиот одмор во попладневната смена. Од засега непознати причини, шестоодделенецот паднал од прозорецот на најгорниот, трет кат од училишната зграда. Веднаш била повикана Итна помош и лекарите го нашле детето на тлото во полусвесна состојба. На одделот за анестезија, првично биле констатирани скршеници на петиците на нозете и сомнеж за скршеници на прешлените. Ученикот се лекува на детска хирургија во Скопје.

Од училиштето известија дека станува збор за примерен, трудољубив, дружељубив одличен ученик и дека направиле сѐ за да помогнат. Увид направи полицијата на местото на настанот.

Можете да прочитате

Првпат изведена операција со навигациски систем за тотална протеза на колк

МОН: Младите во Македонија не ја менуваат перцепцијата за тутунот

Филков: Кадровското зајакнување клучно за дигитализација и ефикасно правосудство