Утрински Весник
Економија

Приказна за продуктивноста и работните места во Северна Македонија

20240313160922 Big 730x400 79.webp.webp

Како што се тврди во најновата Систематска дијагностика на земјата Северна Македонија за 2023 година, придвижувањето од статус на земја со среден доход кон статус на земја со висок доход ќе бара зајакнување на продуктивноста, инклузијата и одржливоста, намалувајќи ја истовремено зависноста од фосилни горива и енергетскиот интензитет, и сето тоа во услови на стеснет фискален простор, зголемени трошоци за капитал и постојана глобална економска несигурност. И покрај глобалната финансиска криза, одржливото зголемување на доходот на домаќинствата во долните 40 проценти од доходовната дистрибуција ја преполови стапката на сиромаштија на населението на околу 20 проценти, а инклузивниот раст во изминатите години доведе до еден од најголемите падови на нееднаквоста во светот. Сепак, понатамошниот напредок на земјата може да биде запре доколку не се зголеми потенцијалот за раст.

Дури и пред пандемијата, растот на земјата заостануваше зад други слични земји. Со сегашната стапка на раст (која е под 2 проценти) Северна Македонија ќе го достигне просечното ниво на приходи во ЕУ по неколку генерации. Конвергенцијата досега се одвиваше бавно: БДП по глава на жител на Северна Македонија се зголеми од 25 проценти од БДП по глава на жител во Германија (една од главните дестинации за македонските мигранти) во 2000 година на 29 проценти во 2021 година. Овој јаз мора побрзо да се намали за да се запре бранот на иселување на младите работници особено кон таа земја. Извештајот тврди дека ниската продуктивност, особено на фирмите, меѓу другите работи, е тоа што стои зад нискиот потенцијален раст. Зголемувањето на продуктивноста на фирмите е од суштинско значење за да се стимулира растот, но и за да се создадат повеќе високоплатени работни места.

Анкетата за претпријатијата на Светска банка покажа дека продуктивноста на производствените фирми во Северна Македонија била ниска дури и пред избувнувањето на пандемијата и заостанувала зад земјите со слични карактеристики (Error: Reference source not found). Продуктивноста на фирмите, пресметана со микро податоци, исто така многу варира помеѓу фирмите: фирмите во 90-от перцентил се во просек четири пати попродуктивни од оние во 10-от перцентил. Трговскиот сектор покажува особено висока дисперзија на продуктивност: фирмите во 90-от перцентил се повеќе од осум пати попродуктивни од фирмите во 10-от перцентил. Таквата висока дисперзија на продуктивноста помеѓу фирмите во истиот сектор е знак за нарушувања на пазарот и неправилна распределба на ресурсите.

Слика 1. Продуктивноста на фирмите во Северна Македонија е пониска во споредба со слични земји 
Слика 2. Дисперзијата на продуктивноста е висока, особено во услужниот сектор
Просечна додадена вредност по работник и просечен РВФП на производствени фирми, 2019 г.
Сооднос на продуктивност помеѓу 10-тиот и 90-тиот перцентил, 2015-2020 г.

Извор: Пресметки на персоналот на Светска банка врз основа на податоците од Анкетите на претпријатијата на Светска банка за 2019 година и податоците од Централниот регистар.

Кога факторите на производство се ефикасно распределени, попродуктивните фирми се прошируваат со преземање на дополнителен труд и капитал, генерирајќи економии од обем што може дополнително да ја зголемат нивната продуктивност. Ова не е случај во Северна Македонија, каде што многу средни и големи фирми се помалку продуктивни од мали фирми. Изненадувачки, просечната продуктивност на големите фирми (со 100 или повеќе вработени лица) е 3 проценти помала од просечната продуктивност на средните фирми (со 10 до 99 вработени лица) и 14 проценти помала од просечната продуктивност на малите фирми (со помалку од 10 вработени лица).

Во текот на изминатата деценија, голем број на фирми со слаби перформанси продолжија да работат во Северна Македонија. Од 2018 до 2020 година, секторите за производство на моторни возила, здравство, транспорт и туризам забележаа пад и кај приходите и кај продуктивноста. Овие сектори, кои содржат најмногу работни места во земјата, имаат пониски нивоа на продуктивност и вклучуваат помалку фирми кои доживеале раст на приходите.

Од друга страна, фирмите со висока продуктивност имаат тенденција да плаќаат повисоки плати. Производниот и услужниот сектор во Северна Македонија покажуват дека фирмите со повисока продуктивност плаќале повисоки плати (Error: Reference source not found). Во услужниот сектор, од 2018-2020 година, најпродуктивните фирми исплаќале плати кои во просек биле 29 проценти повисоки од оние што ги исплаќале најмалку продуктивните фирми. Сепак, повеќето нови работни места биле отворени во помалку продуктивни фирми од услужниот сектор, каде што се вработени повеќе од 55 проценти од вкупната работна сила.

Слика 3. Вработеност и просечни плати по квинтили на раст на вкупните фактори на продуктивност (РВФП) во индустријата, 2018-2020 год.

Извор: Пресметки на персоналот на Светска банка врз основа на податоци од Централниот регистар.
Опстојувањето на ниската продуктивност го нагласува ограничениот степен до кој постоечките фирми можат да ги надградат своите внатрешни капацитети, вклучувајќи го и нивниот потенцијал за иновации, прифаќање нови технологии или подобрување на управувувачките практики. Создавањето средина каде што фирми со слаби перформанси излегуваат, а нови фирми влегуваат, може да ја подобри пазарната конкуренција и да овозможи поефикасна распределба на ресурсите во економијата.

Сања Маџаревиќ Шујстер, виш економист и Јоана Маџоска, економист, Светска банка

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст