
На 07.03.2026, во периодот од 08:30 до 10:30 часот по наредба од Основен суд Тетово, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Тетово извршија претрес во домот и помошни простории кај П.Б.(43) од с.Брвеница.
При претресот се пронајдени и одземени пиштол „Берета” со две празни рамки, еден карабин „Бенели” калибар 30-06, една рамка од автоматска пушка со 28 куршуми калибар 7,62 мм, кутија со 126 куршуми различен калибар, две празни рамки за карабин 30-06, 42 куршуми калибар 9х19 мм и други предмети.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

