Утрински Весник
Македонија

Пријавил куќи, згради но и биткиони вредни 600.000 евра, дали е ова најбогатиот директор?

Image 15.png

Новите функционери поднесуваат свои анкетни листови до Државната комисија за спречување на корупцијата, каде го наведуваат својот имот, па кај некои може да се забележи дека пред стапување на функцијата имаат прилично голем имот.

Веќе пишувавме дека можеби најбогатиот член на Владата е министерката за енергетика Сања Божиновска која покрај станови во скопски Центар пријавила и недвижности во Србија, Шпанија и Португалија.

Но кога се во прашање функционерите од подолените ешалони, еден директор се издвојува со својот имот и слободно може да ѝ парира на министерката.

Се работи за новопоставениот директор на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов.

Пандов во својот анкетен лист до ДКСК навел дека поседува две куќи една во Кисела Вода другата во Зелениково со вкупна вредност од 70 милиони денари или скоро 1,2 милиони евра, но и станбена зграда во Кисела Вода, вредна 20 милиони евра, како и дека поседува една шестина од друга зграда исто во Кисела Вода.

Она што Пандов го издвојува од другите функционери е дека тој пријавил дека е сопственик на 10 Биткоини, кои ги купил во 2016 година. Денес тие 10 биткоини, според анкетниот лист на Пандов вредат 37 милиони денари или нешто над 600.000 евра.

Пандов во својот анкетен лист навел и дека поседува злато, уметнички слики и часовници во вкупна вредност од 4 милиони денари, има три моторцикли и еден автомобил, а пријавил дека поседува и оружје.

Пандов е и поранешен пратеник во последните години го води Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика