Утрински Весник
Македонија

ПРИЈАТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ПРЕД НАС: Ќе биде претежно сончево, со сосема мали услови за локален дожд!

Meteoalarm.mk 82.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Пред нас е период на многу попријатно време со пониски максимални дневни температури на воздухот, и тоа поради продорот на посвежа воздушна маса од север кон нашата Македонија. Во ваква ситуација, повремено ќе засилува ветер од северен правец, особено во сабота (14 јуни).


Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Сепак, во попладневните часови повремено ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Што се однесува до температурите, како што погоре напоменав, тие ќе бидат значително попријатни за разлика од изминатите неколку денови кога беше многу топло, и во следниот период тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33/34 степени во Повардарието. Во Скопје  и околината температурата во следнит период ќе се искачува до околу 32/33 степени.

Можете да прочитате

Камбовски: Судскиот совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов, резултатите од проверките се очекуваат неделава

Сиљановска-Давкова во Дубаи оствари средба со естонскиот претседател, Алар Карис

Oбид за илегален излез од Македонија, приведени седум лица од Индија и Пакистан