Утрински Весник
Магазин

Пријателите на Џек Николсон стравуваат дека ќе умре сам како Марлон Брандо

Пријателите на Џек Николсон стравуваат дека ќе умре сам како Марлон Брандо
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пријателите на холивудската ѕвезда Џек Николсон изразуваат загриженост во врска со променетиот карактер на актерот кој старее и станува сè поповлечен, пренесуваат медиумите.

dobivaj vesti na viber

Анонимен инсајдер близок до 85-годишниот актер вели дека тој бега од реалноста и е заробен во својата луксузна палата во Малхоланд Драјв во Лос Анџелес.

„Не сака да се соочи со реалноста“, рече инсајдерот. Неговите блиски пријатели стравуваат за неговото здравје затоа што живее како осаменик. Никој не го видел од натпреварот на „Лејкерс“ во октомври 2021 година.

Медиумите потсетуваат дека помина повеќе од една година откако последен пат се појави во јавноста на натпревар на „ЛА Лејкерс“ со својот 30-годишен син Реј.

Ова појавување на славниот заводник се случи по повеќе од една година по неговото последно појавување, исто така на натпревар на „Лејкерс“ во јануари 2020 година

Во меѓувреме, проструија вести за неговото влошено здравје.

Во изјава за „Радар онлајн“ инсајдерот открива дека оние блиски до актерот – кој има шест деца од пет жени, но се оженил само еднаш – се плашат дека ќе умре осамен како и неговиот покоен пријател, легендарниот Марлон Брандо.

Можете да прочитате

Витаминот Ц како можна заштита од штетните ПМ честички

Вечер на класична магија – Пијано концерт на Арда Мустафаоглу во „Џевахир мол”

Зимска магија, улична храна и врвна музика на WINTERFESTIVAL пред СЦ „Борис Трајковски“