Утрински Весник
Свет

Преживеаните од несреќата во Романија со авион ќе бидат вратени во Грција

Soobrakajka.webp.webp

Тројцата преживеани од сообраќајната несреќа со минибус во Романија во четврток со авион ќе бидат вратени во Грција. Во несреќата животот го загубија седум навивачи на ПАОК. Двајца од повредените имаат по 20 години, додека третиот има 28.

Сите тројца моментално се лекуваат во Клиничката ургентна болница на округот Пиус Бринзеу во Темишвар, а по враќањето се очекува да бидат префрлени во болницата „Папагеоргиу“ во Солун.

Можете да прочитате

ЕУ го отвора прашањето за долгорочен престој во Шенген за професионалци

Макрон пресече: Гренланд не е на продажба

Путин подготвен за средба со Зеленски