Утрински Весник
Македонија

Презентиран проектот на УНДП: „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“

Презентиран проектот на УНДП: „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“
Dik 300x250 mk

Министерот за правда, Кренар Лога, беше информиран од постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан, за регионалниот проект „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, кој е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

dobivaj vesti na viber

Проектот почна на 1 јануари 2023 година и ќе трае четири години.

Со него се обезбедува експертиза и поддршка на судството и органите на прогонот во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и во Косово. Во Република Северна Македонија проектот се фокусира на зајакнување на капацитетите на правосудните органи и на активностите за подигање на свеста за справување со рецидивите од конфликтите и промовирање на помирувањето по пат на регрантирање на граѓанските организации.

На средбата се разговараше и за стратегијата за развој на правосудството 2023-2027, законодавната агенда и состојбата во затворите.

Можете да прочитате

Студено утро, преку ден сончево

Во недела ќе се гласа во 32 општини и Скопје, прегласување во една, а нови постапки во четири општини

Филипче: Трошоците за живот растат без контрола а владата не презема ништо