Утрински Весник
Македонија

Презентација на Истражувањето за млади и безбедност во Северна Македонија

Obse Kosovo.jpg

Денеска Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги презентираше наодите од истражувањето со наслов „Перцепции, ставови и предизвици на младите во Северна Македонија”. Настанот, кој се одржа во хотелот „Александар Палас”, ја истакна клучната важност на улогата на младите во обликувањето на безбедносниот и сигурносниот пејзаж на државата.

Амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, го отвори настанот подвлекувајќи ја посветеноста на Мисијата кон младите и истакнувајќи ја важноста од вклученоста на младите во напорите за мир и безбедност.

„Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги поддржува младите низ сите димензии на нашата работа, опремувајќи ги со вештините кои им се потребни, давајќи им платформи да го кренат својот глас и работејќи со нив со цел да се обрне внимание на прашања кои им пречат. Гласовите на младите се важни во одржувањето на мирот и безбедноста”, изјави амбасадорот Вал.

Тој истакна дека истражувањето ја покажува клучната важност на вклученоста на младите не само за да се вклучат нивните перспективи, туку да бидат активно ангажирани во идентификувањето и обраќањето внимание на безбедносните ризици на локално и национално ниво.

„Заедно со институциите на државата, младите мора да бидат дел од процесот да обрнат внимание на овие прашања и да дизајнираат решенија. Ова истражува прави обид да биде повеќе од само една колекција и анализа на податоци = тоа е повик за дејствување”, додаде Вал.

Истражувањето содржи детална анализа на младинските перспективи во однос на безбедносни прашања, вклучително и насилство, сајбер-малтретирање и маргинализација. Во него се открива дека многу млади во Северна Македонија се чувствуваат исклучени од процесите на носење одлуки и дека им недостасува доверба во институционалните одговори. Наодите исто така ја истакнуваат загрижувачката распространетост на насилство кај младите, посебно помеѓу младите жени и девојчиња, подвлекувајќи ја потребата за родово сензитивен пристап при креирањето политики.

Можете да прочитате

Гаши: Секој пратеник нека одлучи по свое сопствено убедување за интерпелацијата

АлтернАтивА го освежува раководството на партијата со нови кадри

Повторно гори на Галичица – 24info.mk