Утрински Весник
Македонија

Презентација на анализата „Чист воздух – основно човеково право или неостварливи обврски за општините“

20240227185126 big 730x400 30.webp.webp

Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за правни истражувања и анализи денеска ќе ја презентираат анализата „Чист воздух – основно човеково право или неостварливи обврски за општините во Северна Македонија“.

Од Фондацијата Конрад Аденауер инфромираат дека оваа анализа претставува документ преку кој се утврдуваат проблемите и предизвиците од аспект на законската рамка, како и од аспект на вршење на надлежностите на релевантните институции во обезбедување квалитетен амбиентален воздух.

-Воедно оваа публикација дава анализа на правната рамка и актуелната состојба и генерира многу јасни и концизни препораки, чијашто имплементација веруваме ќе придонесе кон целосна легислативна и функционална превенција од загадување на амбиенталниот воздух. Здравата животна средина претставува едно од универзалните човекови права и опфаќа повеќе сегменти, меѓу кои е и квалитетот на амбиенталниот воздух, кое e прашање од посебен карактер, соопштуваат од Фондацијата.

Обраќања на настанот ќе имаат Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер и Жарко Хаџи-Зафиров од Центарот за правни истражувања и анализи.

Организаторите најавуваат дека во рамки на предвидената панел-дискусија, авторите Александар Гоџо и Никола Јовановски ќе имаат можност да ги презентираат главните заклучоци и препораки од анализата, а излагање на темата ќе имаат заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска и градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово