Утрински Весник
Македонија

Превезувал дрва со возило без регистарски таблички, па се обидел да ги удри полициските службеници

Policijasoobrakjajka Nokje.png

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Т.(37) од селото Мешеишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”.

На 02/03.10.2025 во атарот на струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга го затекнале пријавениот како управува патничко возило „митсубиши паеро” без регистарски таблички натоварено со огревно дрво без документација. Притоа, тој се обидел со возилото да ги удри полициските службеници, по што е лишен од слобода.


Можете да прочитате

По трагедијата во Карпош: Дали училиштето можело да ја заштити Катја?

Зајкова: Големите партии манипулираат со изборниот закон

Професор од Скопје осомничен дека барал полови односи од 18 годишна ученичка