Утрински Весник
Македонија

Претставници на Венецијанската комисија се во Скопје за Законот за правична и соодветна застапеност

20250903144142 big 730x400 47.webp.webp

На покана на Владата, Венецијанската комисија во моментов е во Скопје во подготовка на своето мислење за Законот за правична и соодветна застапеност. Нивната посета се реализира на барање на Владата од 11 јули годинава за давање мислење, рече на прес-конференција вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи.

Тој информира дека денеска владиниот тим одржал плодна дискусија со делегацијата на Венецијанската комисија за нацрт-законот. Дискусијата се одржала во Владата.


– Овој нацрт-закон е доставен на мислење до оваа комисија од една суштинска причина – да биде целосно усогласен со Уставот и европските стандарди, елиминирајќи секаков простор за толкување или спорови во иднина. Упативме четири прашања до оваа комисија за мислење.

1. Дали овој закон го унапредува уставниот принцип на правична и соодветна застапеност, земајќи ја предвид одлуката на Уставниот суд за укинување на балансерот.

2. Дали нацрт-законот промовира еднаквост преку позитивна акција и со елиминирање на бариерите за вработување.

3. Дали предлог-законот е во согласност со другите уставни принципи, како основање, слобода и права, слободното изразување на етничка припадност, владеењето на правото и заштита на приватноста на сите граѓани

4. Дали владиното координативно тело формирано со овој закон е ефикасен механизам за обезбедување, почитување, афирмација, подобрување, унапредување и следење на принципот на правична и соодветна застапеност, рече Феати.

Ние веруваме дека проценката на Венецијанската комисија за овие четири прашања, како што рече, ќе биде гаранција за силен и одржлив закон, како во правно-уставниот така и во институционалниот аспект.

-Со овој закон правичната застапеност првпат станува јасна и законска обврска за секоја институција и на локално ниво. Дополнително, за шест месеци ќе се прави и усогласување на сите домашни закони кои директно или индиректно го засегаат прашањето на соодветна застапеност. По добивањето на мислењето од Комисијата, законот наскоро ќе стигне во Собранието и ќе влезе во парламентарна постапка и се надевам дека ќе добие широка поддршка што заслужува еден ваков сеопфатен проект, нагласи Фетаи.

Одговарајќи на новинарско прашање, Фетаи рече дека мислењето од Комисијата се очекува да го добијат на почеток на декември.

Можете да прочитате

Жителите на Аеродром излегоа на протест против загадувањето од Вардариште

Сиљановска-Давкова им врачи признание „Инженерски прстен 2025“ на 14 најуспешни дипломирани инженери

ЗНМ и ССНМ: Недолично однесување на претставници на Министерството за здравство кон новинари е недозволиво