Утрински Весник
Македонија

Претставници на Демократскиот сојуз со поддршка за Македонците во Бугарија

Претставници на Демократскиот сојуз со поддршка за Македонците во Бугарија
Dik 300x250 mk

Денес на отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград, присуствуваше делегација на Демократскиот сојуз во состав, Борче Јакимовски, Владо Кроневски, Јорданчо Теодосиев и Филип Антовски.

dobivaj vesti na viber

Делегацијата даде јасна поддршка за признавање на правата на Македонците, при што имаше средба со раководството и основачите на македонскиот културен клуб.

Како што Бугарите во Македонија можат да се здружуваат, да формираат клубови, политички партии, да ги негуваат нивните културни особености, тие права согласно меѓународните и европски конвенции мора да ги имаат и Македонците во Бугарија, порачаа од Демократскиот сојуз.

Можете да прочитате

Велковски: Со поддршката од Ашиковски одиме на победа во вториот круг, време е Лозово пак да се развива

МЖСПП: Пластичниот отпад во Вардар е поради незадоволителното ниво на комунални услуги од страна на операторите

Обид за убиство во Скопје