Утрински Весник
Свет

Претставничка на ОН: Руските војници пијат вијагра за да силуваат Украинки, тоа е дел од нивната воена стратегија

Претставничка на ОН: Руските војници пијат вијагра за да силуваат Украинки, тоа е дел од нивната воена стратегија

Претставничката на ОН, Прамила Патен, во изјава за светски медиуми вели дека потврдиле повеќе од 100 случаи на сексуални напади во Украина и дека оваа бројка не е ни блиску до реалноста, бидејќи многу сексуални напади не се ни пријавени.

dobivaj vesti na viber

„Жените се заробени со денови, момчињата и мажите се силувани, нивните гениталии се осакатени, кога на тоа ќе се додадат сведоштвата на жените за снабдување на руски војници со вијагра, јасно е дека тоа е дел од руската воена стратегија“, вели Прамила Патен.

Жртвите се првенствено жени, додава таа, но има и мажи и деца.

Минатиот месец, истражителите на ОН во извештајот наведуваат дека руски војници силувале деца – од кои некои биле на возраст од четири години, пишува „Business Insider“ а пренесува „Дневник хр“.

Можете да прочитате

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70

ЕП ќе гласа за доверба на Урсула фон дер Лајен

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа