Утрински Весник
Македонија

Претставата „Рацин“, минијатурата „Вампири“ и дипломската на ФДУ се вечер на програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“

20250611104145 big 730x400 31.webp.webp

Три претстави со полни гледалишта беа одиграни синоќа, на петтиот фестивалски ден во Прилеп. Драмски театар со „Парови“ ја наполни големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ до последно столче, „Бура“ на прилепскиот театар, прв пат се изведе на сцената на „Цепенков“ откако е ставен клуч на театарот, а во алтернативен простор во кафе-бар „Тротоар“ настапи актерот Хакан Даци со монодрамата „Ла Макбет“ во режија на Шенај Мандак.

Тркалезните маси предзивикуваат внимание на фестивалот. Денес напладне ќе се говори за синоќа одиграните претстави во официјалната конкуренција: „Парови“ на Драмски театар и „Бура“ на прилепскиот народен театар.


Вечер на програмата на фестивалот се, исто така, три претстави. Од официјалната селекција во 19 часот на големата сцена на „Марко Цепенков“ ќе биде изведена „Рацин“ во режија на Дејан Пројковски, на Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес.

Од независната сцена денес ќе ја видиме претставата „Вампири“ на режисерот Милош Б. Андоновски, што ќе биде изведена во киното „Мис Стон“ во 21.30 часот.

На полноќ, на сцената на „Марко Цепенков“ ќе биде изведена „Тука ќе ни биде крајот“, дипломска претстава на студентите на Драмскиот факултет во Скопје од класата на професорите Сузана Киранџиска и Кристина Леловац.

Можете да прочитате

Уапсени полициски службеници од Кочани за трагедијата во “Пулс”

Мицкоски: Груби кукавички избега, имаме индиции дека се наоѓаат во регионот, мора да се соочат со правдата

Попладнево имавме попријатни температури, на југозапад и локален пороен дожд