Утрински Весник
Македонија

Претседателството на Обединетата Македонска Дијапора до Ковачевски и Османи: Македонците во соседните земји се тотално обесправени

Претседателството на Обединетата Македонска Дијапора до Ковачевски и Османи: Македонците во соседните земји се тотално обесправени

Обединетата Македонска Дијапора (ОМД), водечката невладина непартиска организација на Македонците во дијаспората, оствари средба со премиерот Димитар Ковачевски во амбасадата во Вашингтон.

dobivaj vesti na viber

На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

ОМД ги потврди и изрази своите долгогодишни ставови против промената на името како и било какви уставни промени како услов за почетокот за преговорите за членство во Европската Унија и последиците кои доаѓаат со тие измени. ОМД посочи дека во Македонија малцинствата ги уживаат сите демократски права, и дека во ниедна друга држава во Европа нема толку министерски позиции застапени од страната на малцинствата. ОМД посочи дека правата на Македонците во соседните земји се тотално обесправени.

ОМД и премиерот Ковачевски имаа отворена дискусија околу унапредување на односите со дијаспората – најголемиот промотор и амбасадор на Македонија ширум светот. ОМД побара дигитилизација на сите услуги кои и се достапни на дијаспората преку дипломатско-конзуларните претставништва, посебно во врска со издавање или обновување на биометриски лични документи.

ОМД го поздрави стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и САД. ОМД активно се залага за потпишување на договор помеѓу Македонија и САД против двојно оданучување, како и за тоа Македонија да стане дел од листата на земји со безвизен режим. ОМД изрази благодарност за отворената врата на Амбасадорот Зоран Попов, како и премиерот Димитар Ковачевски за отворениот дијалог и ќе продолжи со своите напори во зголемување на поддршката за Македонија во Конгресот на САД преку Групата за Пријателство со Македонија и македонско-американската заедница во која членуваат 37.”

Можете да прочитате

Утре презентација на повеќе едукативно-превентивни кампањи во Охрид

Александар Саша Димитријевиќ се ожени – свадба со партиски врв во „Риас“

Сообраќајот на делницата од регионалниот пат Р1-202 Маврови Анови – Дебар е нормализиран