Утрински Весник
Свет

Претседателскиот кандидат во Колумбија застрелан за време на кампања: Атентаторот му пукал во глава

Uribe skrin.jpg

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе Турбај (39) бил застрелан со три истрели, наводно двапати во главата, за време на кампања во главниот град Богота, објавија локалните медиуми.

Полицијата на лице место уапсила 15-годишен осомничен, јави Би-Би-Си.


Урибе бил нападнат додека се обраќал на мала група луѓе во паркот во саботата.

Неговата партија Демократски центар го осуди нападот, велејќи дека „го загрозува животот на политичкиот лидер… демократијата и слободата во Колумбија“.

На интернет е објавено видео на кое се гледа како Урибе е застрелан во главата, по што толпата панично бега.

Од болницата соопштија дека Урибе бил застрелан во коленото и двапати во главата.

Тој со хеликоптер бил префрлен во клиниката Санте Фе, каде што се собрале и неговите приврзаници.

Колумбиската влада го осуди нападот врз Урибе како „акт на насилство не само против неговата личност, туку и против демократијата“.

Урибе потекнува од истакнато политичко семејство во Колумбија, со врски со Либералната партија, а неговиот татко бил синдикален лидер и бизнисмен.

Неговата мајка, новинарката Дијана Турбај, беше убиена во 1991 година во обид за спасување, откако беше киднапирана од нарко картелот Меделин, тогаш предводен од Пабло Ескобар.

Можете да прочитате

Трагите од канабис во бонбони на „Харибо“ не се поврзани со производството

Трамп го нарече Маск „голем зависник од дрога“

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе успешно опериран по атентатот врз него