Утрински Весник
Македонија

Претседателот Пендаровски и сопругата ќе присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета

Претседателот Пендаровски и сопругата ќе присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата ќе присуствуваат на државниот погреб на Кралицата Елизабета Втора, што ќе се одржи на 19 септември 2022 година (понеделник) во Лондон, соопштија од кабинетот на претседателот.

dobivaj vesti na viber

На државниот погреб на кралицата на Велика Британија, Елизабета Втора, се очекуваат да присуствуваат голем број шефови на држави и влади од целиот свет, како и дел европски кралици и кралеви.

Кралицата почина во четвртокот на возраст од 96 години. Нејзиниот син, принцот Чарлс стана нов крал на Велика Британија, Чарлс Трети.

Можете да прочитате

По 2000 евра за членовите на Комисијата за проценка на штети од земјотресот во Битола, за оштетените по 12 евра

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија како балкански „нарко-центар“ наместо медицинска, марихуана за црниот пазар

Детали од тешката несреќа кај Хиподром: BMW и камион изгореа по судир, млад возач со тешки повреди