Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоски

Foto 2.jpg
300x250 opst2

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Жарко Димитриоски, претседател на Асоцијацијата на млади претприемачи во Стопанската комора на Северна Македонија, Тим-40.

Димитриоски го запозна претседателот Пендаровски со активностите на нивната асоцијација, како и со нивните иницијативи, предлози и идеи со цел унапредување на претприемништвото во земјава.

Димитриоски пред претседателот ја претстави нивната иницијативата за решавање на јазичниот проблем со Гугл, односно огласувачите од земјава и оние кои таргетираат Македонци, да можат да се рекламираат на Гугл на македонски  јазик, посочувајќи дека ограничувањата не се само за Гугл, туку и за Јутјуб и други страници кои објавуваат реклами како дел од партнерската мрежа на Гугл. 

Воедно, Димитриоски го запозна претседателот со нивниот предлог одредени државни простории да се пренаменат во деловни простории, коишто за минимален надомест би можеле да ги користат старт-ап фирми, или мали бизниси, како и со иницијативата за издавање на ваучери за обука за користење на вештачката интелигенција на вработените во мали и средни претпријатија.

Димитриоски го запозна претседателот Пендаровски и со нивните идеи кои имаат за цел стимулирање на растот на плати и зголемена потрошувачка во земјата, како и стимулирање на вработувањето на млади коишто немаат искуство.

Претседателот ги поздрави заложбите и иницијативите на Асоцијацијата на млади претприемачи Тим-40, посочувајќи дека за успешна реализација неопходна е поддршката од државните институции и соработка со бизнис секторот.

Во таа насока, претседателот особено ја поздрави и поддржа иницијативата за решавање на проблемот со македонскиот јазик на Гугл.

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ