Утрински Весник
Македонија

Претседателот Пендаровски ги прими членовите на хорот „Златно славејче“

Претседателот Пендаровски ги прими членовите на хорот „Златно славејче“

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на детскиот хор „Златно славејче“.

dobivaj vesti na viber

Пендаровски, упатувајќи честитки за успешната реализација на 52. издание на фестивалот „Златно славејче“, ги истакна значењето и улогата коишто повеќе од половина век овој фестивал ги има во развојот на креативноста и талентот на најмладите во државата.

Членовите на постојаниот детски хор и солистите на „Златно славејче“ ги споделија своите импресии и доживувања со Претседателот за неодамна одржаниот фестивал. Пеејќи рефрени од новите детски хитови се заблагодарија за денешниот прием и за неговата континуирана поддршка.

Фестивалот „Златно Славејче“ се одржува под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија.

Првото издание на фестивалот „Златно славејче“ се одржало на 23 мај 1970 година, во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Град Скопје. Традиционално, веќе 52 години, во рамки на одбележувањето на ослободувањето на Скопје, 13-ти ноември, „Златно славејче“ е дел од музичката лектира на најмладите.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа