Утрински Весник
Македонија

Претседателот на Уставниот суд Костадиновски во МВР пријави закани по животот кон уставни судии

Ustaven sud.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи, за упатени закани по животот и безбедноста на судии на Уставниот суд.

Пријавата е поднесена поради директно упатени закани кон судија односно судии поврзани со постапување по конкретен предмет од страна на Судот.

Претседателот Костадиновски најостро ги осудува ваквите закани упатени до судиите, истакнувајќи дека во едно демократско општество, вакви и слични закани претставуваат  напад врз интегритетот на Уставниот суд, но и директен притисок врз независното и самостојно одлучување на сите судии.

Поради сериозноста на упатените јавни закани и повици за насилство, Судот очекува надлежните органи професионално и навремено да ги превземат сите неопходни мерки и активности  за расветлување на  овој но и слични закани кон судиите.

Можете да прочитате

(Фото) Скопје ја дочекува Новата 2026 година со полн плоштад

Принцеза ја отвори 2026 година на ГАК

Мицкоски и Ѓеорѓиевски ја дочекаа Новата година со граѓаните на плоштадот во Скопје