Утрински Весник
Македонија

Претседателот на Уставен суд на средба со амбасадорот на Италија

Kostadinovski Silvestri.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и судијката Ана Павловска-Данева денеска остварија работна средба со амбасадорот на Република Италија, Адреа Силвестри. 

Централна тема на разговор беше испитување на можностите за остварување на билатерална соработка помеѓу уставните судови на двете држави. 

Претседателот д-р Костадиновски го информираше амбасадорот Силвестри за приоритетите во неговиот мандат.   

Амбадсадорот Силвестри пројави интерес за прашањата поврзани со обезбедувањето на независноста и самостојноста на Судот, како и за транспарентноста и отвореноста на Уставниот суд.

На средбата беа разменети мислења на теми поврзани со реформирање на правосудниот систем, при што судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и д-р Костадиновски изразија надеж дека реформскиот процес во сферата на правосудството ќе се одвива во согласност со Уставот и во рамките на уставните принципи. 

Амбасадорот Силвестри изрази поддршка за најавените приоритети и најави дека лично ќе се заложи за унапредување на билатералните односи во полето на уставното судство и подобрување на севкупната соработка. 

Можете да прочитате

Се бара притвор за странскиот државјанин кој нападна полицаец во Градски парк

Денеска треба да се избере ВД Јавен обвинител

Од утре попладне доаѓаат дождови и снегови