Тројца истражни судии беа назначени во понеделникот да ги истражат сериозните обвинувања против претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келафи.
Француско-алжирскиот лобист Тајеб Бенабдерахман поднесе жалба пред неколку месеци во која тврди дека бил киднапиран и мачен во Катар во 2020 година, поради поседување компромитирачки документи за Ал-Келаифи.
Како што објавија бројни француски медиуми, меѓу кои и престижниот „Екип“, Бенабдерахман поднел граѓанска тужба, за која францускиот закон дозволува истрага во врска со наводните злосторства.
Неговите адвокати, Маитре Роман Руиз и Габриел Везнар, велат дека се „многу задоволни“ од веста по неколкумесечните обиди да го изнесат случајот пред француското правосудство, кое го критикуваа дека е бавно и нема ангажман.
Се верува дека информациите што ги поседува Бенабдерахман може да се складираат на мобилен телефон што му припаѓа на Ал-Келаифи, што би можело да го вмеша претседателот на ПСЖ во некаква форма на погрешно постапување во врска со доделувањето на Светското првенство во 2022 година на Катар или дури и со доделувањето на ТВ правата нза СП во 2026 и 2030 година од блискоисточната телевизија „BeIN Media’.
Катарецот, всушност, веќе беше под истрага, но беше ослободен, во врска со ова прашање како резултат на неговата врска со Жером Вакле, поранешен член на ФИФА.
Двајцата се осомничени, дека без да знеа ФИФА, преговарале за ТВ правата.